Faktori vo razvitok na ličnost (Makedonski) 
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 4 | Nivo: Filozofski Fakultet

Определувањето на факторите за развитокот на личноста и познавањето на моќта и границите на нивното влијание претставувало и се уште претставува значајно теориско и практично прашање. Разновидните теории и сфаќања за моќта на одделените фактори, всушност, се прво, историски детерминирано и второ во зависност од степенот и развојот на науките помалку или повеќе научно засновани.
На развојот на личноста на човекот дејствуваат многубројни фактори. Меѓутоа, за педагогијата од интерес и значење се оние фактори кои се рашавачки за развојот. Во педагогијата како решавачки фактори се истакнуваат: наследството, општествената средина, воспитанието и активноста на личноста.
а) Наследството
Наследството како општ биолошки фактор, иако е ограничен од другите фактори, не може да се негира во развитокот на човекот. Наследната основа, што ја сочинуваат наследните единки (гените), под дејство на реализиционите фактори, од една страна го овозможува одржувањето на човековиот род воопшто, а од друга страна, создавајќи разновидни наследни модификации овозможува и огромна разновидност на биолошките особини на луѓето. Наследната основа има огромно значење и за натамошниот развиток на многубројните човечки особини и способности. Таа се јавува како нужност, како претпоставка од која како резулатат е успешниот развиток и манифестација на разновидното богатство на човечкото суштество.
Со проблемот на наследството денес се бави и една нова дисциплина молекуларна биологија. Најновите резулатати до кои има дојдено таа, по однос на наследните појави се сметат за многу значајни. Според молекуларната биологија наследството претставува способност за пренесување на определени форми на метаболизмот, т.е. хемиски процеси од една генеација на друга. Всушност молекуларната биологија смета дека материјална база на наследството на сите живи суштества па и на човекот се макро молекулите на нуклеинските киселини кои ја кординираат, насочуваат и поврзуваат функцијата на другите молекуларни системи. Гените кои претставуваат материјален супстрат на потенцијалните наследни особини се смета дека се молекули или делови на молекулите на дезоксирибонукелинска киселина и се сместени во хромозомите кои претставуваат специфични морфолошки творби во јатката на клетката.
Познато е дека човекот со раѓањето наследува извесни физички особини од своите родители или од своите поблиски или подалечни пресци. Се наследува, на пример, бојата на очите, бојата на кожата, косата, како и голем број болести и деформитети. Меѓутоа она што се наследува во готов вид не е во интерес на педагогијата, туку нејзин посебен интерес претставува она што се наследува не во готов вид, туку она што претставува наследна основа особено во развојот на психофизичките особини и способности, т.е. она што може да се развива под дејство на воспитанието и другите реализациони фактори. Тоа се наследните диспозиции кои не се готови особини туку потенцијални можности кои можат но и не мора да се развиваат во особини на личноста. Способностите и особините не можат да се изедначат со нивниот материјален органски супстрат. Таква грешка правеше психоморфологизмот според кој за секоја способност однапред е подготвен нејзин никулец кој се наоѓа во фиксираните особености на морфолошката структура на нерномозочниот систем и организмот. Ваквата концепција не е погрешна во однос на признавањето на наследноста на диспозициите, туку во однос на нивниот третман. Ако диспозициите непосредно ги проектираат способностите на човекот тогаш тој е осуден со својата наследна организација засекогаш да е врзан , на пример, за една професија.

---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturskiradovi.net 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: maturskiradovi.net@gmail.com

 

 

besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!